Кошаркарите на Работнички ја забележаа 13-тата победа во Првата македонска лига.
Во последното натпревар од 20.коло, тимот на Работнички славеше во дуелот со Куманово со 80-72.
Уште во првиот квартал, скопјани ја најавија победата. Работички го доби периодот со девет поени разлика (24-15). Во втората четвртина, тимот од „Градски парк“ додаде уште два поени плус, па на одмор Работнички замина со предност од 48-37.
Во второто полувреме, кошаркарите на Куманово постојано ја бркаа негативата. Дојдоа кумановци на почетокот на последниот квартал до -4, но немаа сили за комплетен пресврт. На крајот кошаркарите на Работнички славеа со конечни 80-72.
Со оваа победа Работнички изби на второто место на табелата со 33 бодови, колку што има и трето пласираниот ТФТ, а еден помалку од водечкиот МЗТ Скопје.
Тимот на Куманово е четврти со 32 бодови, колку што имаат Кожув и Пелистер.
До крајот на регуларниот дел на првенството остануваат уште две рунда, а претпоследната стартува веќе во петок.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 22 коло
Петок / 28 март
13.00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ А.
Сабота / 29 март
17.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
17.00 КОЖУВ – ШКУПИ
19.30 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Недела / 30 март
18.00 ТИКВЕШ – ТФТ
18.00 КУМАНОВО – ЧАИР
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 34 бодови, Работнички 33, ТФТ 33, МКК Куманово 32, Кожув 32, Пелистер 32, Чаир 29, Феникс 30, Тиквеш 29, Гостивар 27, Шкупи 27, Вардар 20.




































