Во натпревар од 9 коло од женската Супер лига Вардар го пречека тимот на Астибо. Вардарки без поголеми проблеми славеа убедлива победа со 43:21.

Натпреварот започна доминантно за црвено-црните, кои брзо стекнаа водство од 7:1. Астибо успеа да намали на 9:5, но Вардар веднаш одговори со серија од 5-0, зголемувајќи ја разликата на 14:5. Нивната предност постојано растеше, па во 26-тата минута веќе имаа двоцифрена разлика (18:8), а на полувреме резултатот изнесуваше 20:9.

Во второто полувреме Вардар продолжи со истото темпо. Во 42-та минута разликата порасна на +15 (29:14), а до крајот црвено-црните рутински го одиграа мечот кон конечни 43:21.

Најефикасна од тимот на Вардар беше Богојеска Сара со седум погодоци, додека Вучевска Елена даде 10 гола.

Денеска се играат уште два натпревари од оваа рунда.

од 19 часот закажан е почетокот на дербито меѓу второ и трето пласираните екипи на табелата, Металург Автокоманда и Чаир. Половина час подоцна (19.30) лидерот и актуелен шампион Ѓорче Петров гостува кај Куманово.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи