Денес во женската Супер лига ќе се одигра вонредно коло. Во плеј-офот ќе се игра деветтото, а во плеј-аутот третото коло. На програмата се неколку возбудливи дуели кои ќе донесат неизвесност и борба за важни бодови.

Првиот натпревар од плеј-офот е дуелот помеѓу Астибо и Вардар, кој ќе се одигра во 17 часот во салата „Круме Кепески”.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров ќе се соочи со Куманово во натпревар што ќе се одигра во салата „Перо Наков“ во Куманово, со почеток во 19:30 часот.

Последниот натпревар за денес е дербито помеѓу Металург Автокоманда и Чаир кој е закажан со почеток од 19:30 часот и ќе се одигра во ,,Круме Кепески”. Овој дуел ветува голема неизвесност и возбудлива завршница.

Во плеј-аутот денес ќе се одиграат два натпревари. Ѓорче Петров МРК ќе го пречека тимот на Шампион, додека екипата на Стружанка гостува кај тимот на Деспина во Прилеп. Слободен ова коло е тимот на Овче Поле.

Натпреварот помеѓу екипите на Спартак и Пелистер 2012 се одигра вчера. Екипата на Спартак одигра подобро и успеа да оствари победа со 27:26.

Ивона Кимовска