Последното коло (22.коло) од ракометната Супер лига ќе се одигра денеска и утре. Натпреварите кои требаа да се играат во деновите од викендот поради деновите на жалост и несреќата во Кочани беа одложени, а Ракометната федерација на Македонија во договор со клубовите ги договори да се одиграат во вторник и среда.
Денеска на програмата се четири дуели. Во Скопје ќе се одиграат два дуела, Вардар е апсолутен фаворит против екипата на Струга, додека во „локалното градско“ дерби играат Бутел и Пролет. Тиквеш потврдата за плеј-офот ќе ја „заверува“ на домашен терен со Фруит Ленд Борец, додека шампионот Еурофарм Пелистер гостува во Прилеп, кај истоимената домашна екипа.
За среда се закажани два дуела. Радовиш е домаќин на МРК Куманово, додека во дербито на колото во салата Автокоманда Алкалоид е домаќин на Охрид. Ова воедно ќе биде вистинскиот предизвик за Алкалоид во пресрет на реванш четвртфиналето од Европскиот куп.
ДВОЈКИ – 22.КОЛО
17:00 ВАРДАР – СТРУГА (вторник)
17:00 ТИКВЕШ – ФРИУТ ЛЕНД БОРЕЦ (вторник)
18:00 БУТЕЛ – ПРОЛЕТ 62 (вторник)
19:30 ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (вторник)
18:00 РАДОВИШ – МРК КУМАНОВО (среда)
19:00 АЛКАЛОИД – ОХРИД (среда)
ТАБЕЛА: Е.ПЕЛИСТЕР 38 бодови, АЛКАЛОИД 38, ВАРДАР 38, ОХРИД 30, ТИКВЕШ 23, БУТЕЛ 22, ПРОЛЕТ 17, ПРИЛЕП 17, МРК КУМАНОВО 10, ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ 8, СТРУГА 7, БОРЕЦ 4.
* напомена: Првопласираните шест екипи ќе продолжат во плеј офот во борба за титулата, додека екипите пласирани од 7-12.место ќе разигруваат за опстанок во Супер лигата.