Во дербито на колото, екипата на Металург Автокоманда беше домаќин на Куманово во возбудлив дуел.

Металург одлично го започна натпреварот, поведувајќи со 2:0, но гостинскиот тим брзо возврати и во 12-тата минута успеа да израмни на 5:5. Сепак, Металург направи клучна серија од 4-0, со што се одлепи на 9:5.
Домаќинките умешно ја одржуваа оваа предност, па во 28-та минута водеа со +5 (12:8). На полувреме, Металург замина со сигурно водство од 13:9, поставувајќи солидна основа за вториот дел.

Металург продолжи со сигурна игра и во второто полувреме, задржувајќи ја контролата врз натпреварот. Во 38-та минута, домаќинките имаа предност од 18:12, а како што одминуваше времето, таа само се зголемуваше.

Со доминантна игра, Металург во 47-та минута стигна до највисоката разлика од +9 (23:14), практично осигурувајќи ја победата. Тие успеаја да ја задржат оваа предност до самиот крај, завршувајќи со конечен резултат од 27:20.

Најефикасни од победничката екипа беа Ѓошевска со девет и Јанкулоска со седум, додека од Куманово Зечевиќ даде девет.

Ивона Кимовска