Со петте натпревари одиграни попладнево, комплетирано е 24.коло во Првата македонска фудбалска лига. По ова ќе следува пауза до 30 март, поради настапот на најдобрата репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенство.

По денешните натпревари, Работнички и Гостивар го губат чекорот со водечкиот тандем на табелата. Кратовци ги искористија киксовите на ривалите и сега се на два бода помалку од лидерот Шкендија односно имаат 3 и 4 бодови повеќе од Работнички и Гостивар.

Во Струмица, Силекс славеше над АП Брера со 2-0. Двата гола беа постигнати во вториот дел. Марко Георгиевски во 69.минута беше стрелец на првиот, а во 80-тата Али зголеми на 2-0 што беше и конечен резултат.


Тиквеш освои важни три бода во битката за опстанок, а го оддалечи Гостивар од трката за титулата.
Во 14-тата минута беше досудена најстрога казна за домашниот состав, која во водство ја реализира Садик. Во второто полувреме, односно 58.минута, капитенот Вераловски со глава постигна гол за 2-0 за Тиквеш. Каланоски во 88.минута го постигна голот за гостите поставувачи ги конечните 2-1 за Тиквеш.


Воска спорт со гол во четвртата минута од судиското дополнение му одзеде важни два бода на Работнички.
Во 14.минута по корнерот од левата страна, Камерунецот, Гандо им донесе водство на „романтичарите“ од Скопје. Кога сите очекуваа крај на натпреварот, интернационалецот од Гана, Псеи го израмни резултатот на 1-1.

На дуелот во Гостивар, Беса со пресврт славеше победа во дуелот со првакот Струга Трим Лум со 3-2.
Сенегалецот, Фал во 11-тата минута му донесе водство на шампионот. По брзата контра во 38,минута домашниот состав израмни преку Албанецот, Шефит. По нецели седум минути игра екипата на Беса дојде до водство. По корнерот од десната страна, највисок во скокот во шеснаесетникот на стружани беше Незири кој погоди за 2-1. Третиот гол беше дело на Селмани по брзата контра во 69-тата минута. Во последната минута Малески само го ублажи поразот.

На дуелот во Чаир, домашниот тим на Шкупи не ја искористија шансата од играч повеќе во дуелот со Пелистер. Иако пелистерци во 69.минута останаа со играч помалку сепак во 74-тата со голот на Ристевски стигнаа до минимална победа со 0-1.

Потсетување дека вчера во воведниот натпревар Вардар и Шкендија одиграа без победник 1-1.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА