Фудбалските прволигаши попладнево ќе играат пет натпревари од 24-отот коло.

Имајќи го во предвид моменталниот распоред на табелата, на денешните натпревари се очекува голема борба за бодовите.

Во Струмица кај АП Брера гостува второ пласираниот Силекс. Кратовци бркаат полн „плен“ со што би се доближиле на тетовска Шпанија на два бода помалку во трката за трофејот. Ова откако вчера Вардар и Шкендија одиграа 1-1, па тетовци сега имаат пет бода повеќе од Силекс.

Со бод помалку, зад водечкиот тандем се екипите на Гостивар и Работнички. И двата тима денеска гостуваат кај екипите кои грчевито се борат за опстанок. Гостиварци во Кавадарци че играат против Тиквеш, а „романтичарите“ во Охрид со Воска спорт.

Последно пласираната Беса ќе има тепка задача во дуелот со актуелниот шампион Струга ТЛ да освои бодови и остане во игра со конкурентите за опстанок.

На Чаир дуел на екипите од средината на табелата, кои реално неможат ниту погоре ниту подолу на табелата.

Сите натпревари стартуваат во 15 часот, а може да ги гледате во ЖИВО ОВДЕ.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА