Натпреварот на вечерта во НБА лигата се одигра во Сакраменто каде Клиперси го совладаа Кингс по продолжение.

Регуларниот дел заврши со израмнети 97-97. Во продолжението, на 22 секунди до крајот, Демар Дерозан погоди слободно фрлање за водство на домаќините со 110-109. Сепак, Кави Ленард ја презеде одговорноста за гостите и постига кош со звукот на сирената за победа на Клиперси со 110-111.

На Џејмс Харден му фалеше еден скок за троен ефект. Популарниот „брада“ постигна 29 поени, забележа 11 асистенции и девет скока. Хрватот, Ивица Зубац имаше дабл-дабл со 22 поени и 14 скока.

Најдобриот тим во лигата Кливленд ја забележа 54-тата победа. На гостувањето кај Милвоки, Кавс славеа со 112-110.

Иако домашните кошаркари Антетокумпо (30 пони и 9 скока) и Дејман Лилард (22 поени), беа први стрелци на натпреварот, тоа не им помогна на Бакс да избегнат пораз. Комплетната петорка на гостите заврши со двоцифрен број на поени на најдобар беше Струс со 17.