Кошаркарите на Работнички ја впишаа дванаесетата победа во прволигапката конкуренција.
Во послендиот натпрефар од 19.коло, одигран вечерва во Битола, екипата на Ранотнички го победи Пелистер со 90-83.
Една добра четвртина, само првата, не беше доволна домаќините да се израдуваат на успех. Напротив Работнички знаеше што сака во овој натпревар. Домашниот состав имаше предност најголемиот дел од првото полувреме, а најмногу со девет разлика, Сепак на паузата се замина со поен позитива за гостите од Скопје (41-42).
Во тратата четвртина црвените од „градски парк“ беа оние кои ја наметнаа својата игра. Имаше Работнички и највисоки +14, а во последниот квартал влезе со десет поени предност (56-66). Двоцифрената предност избраниците на Горан Самарџиев ја одржуваа, па на крајот заслужено се радуваа.
Комплетната стартна петорка на победничката екипа, натпреварот го заврши со двоцифрен број на поени, а најмногу имаше Џулијан Рош 18.
Со оваа победа, Работнички се проби на 3.место на табелата со 31 бод колку што има и четврто рангираниот ММК Куманово. Пред нив се МЗТ Скопје Аеродром со 33 и ТФТ со 32 бода.
Пелистер е шести со 30 бодови колку што пред него има и Кожув.