Три натпревари се одиграа денеска во рамките од 19.коло на Првата машка кошаркарска лига. Сите три завршија со победи на домашните екипи.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз на гостувањето кај Гевгелија кај Кожув. Иако аеродромци имаа и 15 поени предност, тоа не им беше доволно да остварат триумф. Кожуф славеше со три разлика со то му се реваншира на МЗТ за поразот во финалето на Купот.

Составот на ММК Куманово до 12-тиот триумф стигна во дуелот со Чаир, па сега кумановци се трети на табелата.

Успешниот ден на домаќините го комплетира Тиквеш кој во Кавадарци славеше над Чаир.

Потсетување дека и во првиот дуел од оваа рунда, одигран во средата ТФТ го декласира „фенерџијата“ Вардар.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите во Гостивар и Битола.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 19 КОЛО

САБОТА
КУМАНОВО – ШКУПИ 83-75
КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А. 74-71
ТИКВЕШ – ЧАИР 84-78
НЕДЕЛА
18:00 ГОСТИВАР – ФЕНИКС
19:00 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Претходно одиграно
ТФТ – ВАРДАР 90-37

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 32 бодови, ТФТ 32, МКК Куманово 31, Кожув 30, Работнички 29, Пелистер 29, Чаир 29, Тиквеш 27, Феникс 27, Гостивар 25, Шкупи 25, Вардар 19.