Со дерби дуелот што ќе се игра во Скопје, а во кој Ангели ќе го пречека тимот на Соколи, ќе започне 17.коло во Втората кошаркарска лига.

Ова е дуел на една од трите водечки екипи на табелата, кои заедно со Маџари имаат ист број на бодови и се претенденти за прволигашки статус следната сезона.

Исходот од овој натпревар по кој еден од тимовите мора да загуби, ќе го чекаат кошаркарите на Маџари. Тие во оваа рунда се домаќини на вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. Во приод дел на сезоната претрпеа пораз. Тоа сигурно ќе биде мотив повеќе за избраниците на тренерот Тодоровиќ да славата победа со кој би можеле да се вратат и на првото место на табелата.

Третиот денешен натпревар ќе се игра во Прилек, каде Мега Баскет го пречекува составот на Бутел.

Останатите натпревари на програмата се утре, а може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 17.КОЛО

Сабота / 8 март
15,00 АНГЕЛИ – СОКОЛИ
19.00 МАЏАРИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
19.00 МЕГА БАСКЕТ – БУТЕЛ
Недела / 9 март
16.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ 2018
13.00 СТРУМИЦА ФМП – ЦРН ДРИМ
17.00 ОХРИД – ВОДНО САНС

ТАБЕЛА: Ангели 29 бодови, Маџари 29, Соколи 29, Црн Дрим 26, МЗТ Скопје У.Б. 25, Борец баскет 24, Бутел 23, Мега баскет 22, Водно Санс 22, Охрид 21, Струмица ФМП 19, Работнички 2018 18.