Со трите натпревари одиграни денеска комплетирано е 16.коло во Втората кошаркарска лига.

Екипата на Ангели со победата на гостувањето кај ФМП Струмица сега е лидер на табелата. Тимот од Драчево има ист број на бодови како и екипите на Маџари и Соколи, но за нијанса подобра кош разлика од скопскиот ривал.

Победничката низа во вториот дел од шампионатот ја продолжи младиот состав на Водно Санс кој денеска славеше над велешки Борец. Со оваа, пета победа по ред, „сонцата“ се во игра за плејофот, од кој дополнителен чекор назад направи тимот на Охрид. Имено охриѓани загубија на гостувањето во Аеродром кај МЗТ Скопје У.Б.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 16.КОЛО

Денеска (недела)
СТРУМИЦА ФМП – АНГЕЛИ 64-69
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ОХРИД 95-88
ВОДНО САНС – БОРЕЦ БАСКЕТ 92-72
Одиграно вчера (сабота)
СОКОЛИ – МАЏАРИ 73-77
ЦРН ДРИМ – БУТЕЛ 82-78
РАБОТНИЧКИ 2018 – МЕГА БАСКЕТ 75-78

ТАБЕЛА: Ангели 29 бодови, Маџари 29, Соколи 29, Црн Дрим 26, МЗТ Скопје У.Б. 25, Борец баскет 24, Бутел 23, Водно Санс 22, Мега баскет 22, Охрид 21, Струмица ФМП 19, Работнички 2018 18.