Ракометната федерација на Македонија денеска ќе добие нов претседател. Ова откако ќе се одржи редовното, годишно изборно собрание на РФМ.
Досегашниот прв човек на федерацијата Живко Мукаетов на крајот на август месец најави повлекување од функцијата.
Тој 12 години (три мандати) беше на чело на РФМ, период за кој воспостави нови стандарди во работата на организација,а со репрезентациите и клубовите.
Наследник на Мукаетов, ќе биде младиот Александар Стефанов, бизнисмен кој долги години со своето семејство раководи со РК Бутел.
Стефанов при својата кандидатура за прв човек на РФМ најави:
„Иако сум млад по години, сметам дека со искуството и во ракометот стекнато и во РК Бутел и од Управниот Одбор, верувам дека со напорна работа и со соработка со луѓето околу мене ќе дадам придонес за уште поголем напредок во нашиот спорт“.