Фудбалерите на Емполи направија големо изненадување со пласманот во полуфиналето на Купот на Италија.

Ова откако Емполи по подоброто изведување на пенали во четвртфиналето го елиминираше големиот фаворит Јувентус.

Сензацијата да биде дополнително поголема, тимот од Тоскана тоа го стори на теренот на Јуве во Торино.

Гостите поведоа во 24.минута со голот на Малех, а Турам во 66.минута израмни на 1-1. Тоа беше и резултатот по регуларниот дел, а во пенал серијата Емполи беше подобар.

Влаховиќ во првата и Јилдиз во четвртата серија не реализираа за Јуве, а четирите изведени пенали фудбалерите на Емполи ги погодија во целта.

Така Јувентус нема да може да го врани трофејот во Купот на Италија освоен минатата година. Емполи пак во полуфиналето за противник ќе ја има Болоња. Првиот полуфинален пар ќе го сочинуваат лутите милански ривали, шампионот Интер и екипата на Милан.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 2 и 23 април, а финалето е во мај месец.