Екипата на Лајпциг е последниот четврти патник во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Германија.
Во последниот четвртфинален меч на популарниот „ДБФ покал“, тимот на Лајпциг пред своите симпатизери го совлада Волфсбург со 1-0.
Стрелец на единствениот гол, на натпреварот беше Словенецот, Бенџамин Шешко во 69-тата минута.
Лајпциг им се приклучи на Штутгарт, Арминија Билифелд и бранителот на трофејот и актуелен шампон Баер Леверкузен.