Во англиската Премиер лига вечерва на програмата вкупно пет натпревари, од кои три го имаат приматот на дерби.
Веќе завршија два дуели. Оној меѓу второ и трето пласираните екипи на табелата, што се одигра на „Сити граунд“ во Нотингем, каде Форест го пречека Арсенал, заврши без голови 0-0.
Вториот во Лондон, каде гостуваше шампионот Манчестер Стити кај Тотенхем го добија гостите минимално со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Халанд уште во 12-тата минута.
Најефикасно беше на „Олд Трафор“, каде Манчестер Јунајтед си изнамачи да го совлада Ипсвич. Гостите први поведоа со 0-1, но Јунајтед брзо го сврте резултатот во своја полза водство од 2-1. Сепак на полувремето се замина со израмнети 2-2. На самиот старт на вториот дел (47.минута) Мегваер постигна гол за 3-2, што беше и конечен резултат за победа на Манчестер Јунајтед.
Во тек е последниот денешен натпревар, во кој лидерот на табелата Ливерпул има предност од 1-0 во дуелот со Њукасл, благодарени на голот на Собослај во 12-минута.