Со денешните натпревари комплетиран е вториот дел од шампионатот, по што остануваат да се одиграат уште 11 кола, односно по десет натпревари.
Иако, има многу да се игра, сепак денешниот дуел во Струга може многу да влијаа на конечниот пласман на табелата, односно трката за шампионскиот трофеј, па сега стружани имаат четири бодови повеќе од второ пласираниот Шкупи.
По претпоставка дека овие две екипи останат до самиот крај да се борат за титулата, тогаш стружани би биле во предност бидејќи во последното коло закажано за 14 мај би играле на домашен терен.
Во продолжение комплетниот распоред и календар за третиот дел во ПМФЛ.