Ракометарките на Куманово ја оправдаа фавиритската улога во дуелот со екипата на Астибо.
Во натпревар од 5.коло од плеј-офот Супер лигата, Куманово убедливо го совлада Астибо со 30:22.
Куманово силно стартуваше на натпреварот и брзо создаде предност од 6:1. Астибо се обиде да ја намали разликата и во 19-тата минута успеа да стигне до 9:5. Сепак, Куманово продолжи со доминација, постепено зголемувајќи ја предноста. Во 29-тата минута, предноста изнесуваше 7 гола (17:10). На полувреме, резултатот беше 17:11.
Втората половина беше формалност, со оглед на големата предност која Куманово ја имаше по првото полувреме. Во 43. минута, Куманово веќе имаше предност од 10 гола (24:14). Иако Астибо се обиде да ја намали разликата, Кумановки без проблем ја одржуваа предноста. На крај, резултатот беше 30:22.
Најефикасни од екипата на Куманово беа Мемов Мила со шест и Петреска Марија со пет гола. Додека Анчева Марија со осум погодоци.
Во првиот натпревар од ова коло, Чаир како гостин го совлада Вардар. Утре ќе се игра дербито во кое Металург Автокоманда за противник го има шампионот Ѓорче Петров.
Ивона Кимовска
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 5.КОЛО
денеска
ВАРДАР –ЧАИР 33-35
КУМАНОВО – АСТИБО 30:22
утре
16.00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 9 бодови, Чаир 9, Металург Автокоманда 7, Вардар 4, Куманово 3, Астибо 0.