Дерби натпреварот од 25.коло во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед го добија домаќините со 1-0.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во 13-тата минута, а стрелец беше Џејмс Медисон.

Иако во продолжението двата тима има по неколку шанси за погодок, мрежите мируваа, а резултатот не се смени.

Тотенхем со оваа победа сега го мина на табелата Манчестер Јунајтед. Двата тима се во долниот дел од табелата и далеку од шанси за настап на европската сцена.

Тотенхем е дванаесетти со 30 бодови, а Манчестер Јунајтед има еден помалку на 15-тото место.