Американскиот кошаркар Џеремаја Гамбрел е најново засилување на КК Пелистер, откако „зелено-белите“ постигнаа договор за ангажман на овој плејмејкер.
Станува збор за кошаркар кој важи за исклучителен поентер, подготвен да преземе одговорност во клучните моменти кога се решава победникот.
24-годишениот Американец е роден во Хјустон, ланската сезона ја минал во тимот на Алкорн стејт Брејвс, каде имал просек од 13,2 поени и 1,1 украдени топки по натпревар.
Сезонава му беше прва на Гамбрел во европската кошарка. Тој авантурата на „стариот континент“ во првата лига на Србија, како член на Металац од Ваљево.
Тој експресно се наметна како лидер на екипата, а најдобриот меч го одигра против Џокер постигнувајќи 37 поени (8/13 за тројка).
Џеремаја Гамбрел денеска пристигна во Битола и му се стави на располагање на стручниот штаб. Американецот се очекува дебито за Пелистер да го има веќе в четврток, во четвртфиналето од Купот на Македонија против Чаир.