Од четврток до сабота во Гевгелија ќе се одржува завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија во двете конкуренции.

Влезниците за првиот натпреварувачки ден, кога на програмата се машките четвртфинални натпревар, ќе изнесува 200 денари.

Влезници ќе се продаваат на билетарата во спортската сала “26 април” од 9 часот.

Важна напомена дека при купување на влезница ќе треба да поседувате документ за идентификација и едно лице може да купи најмногу две влезници од која една е за себе.

Осум екипи во машка и четири во женска конкуренција ќе се борат за трофејот „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Бранители се Баскет кам во женска и МЗТ Скопје Аеродром во машка конкуренција.