Денеска во СЦ „Јане Сандански“ ќе „врие“ како во кошница. Таму на едно место ќе бидат собрани над 400 натпреварувачи во кик-бокс.
Имено Кик-бокс МаиТаи федерацијата денеска го организира националното јуниорско и сениорско првенство. На истото учество ќе земат 29 клубови од нашата земја со 400 натпреварувачи.
Претседателот на федерација Дејан Митровски – Урко, ни изјави дека секоја година кик-бокс федерацијата и спортот растат и истиот е се помасовен.
„Секоја година успесите на меѓународно поле се повеќе, растат и морам да напоменам дека кик-боксот продолжува да биде најмасовен национален спорт во Македонија“ истакна Митровски.