Екипата на Ливерпул го „декласираше” Тотенхем со резултат од 4:0 и се пласираше во финалето на Лига купот.
Резултатот беше отворен во 34.та минута со голот на Гакпо. Второто полувреме Ливерпул се разигра и го прегази Тотенхем.
Во 51.та минута Салах постигна гол од пенал за 2:0. На 3:0 зголеми Доминик Собослаи во 75.та минута, а конечните 4:0 ги постави капитенот Вирџил Ван Дајк со гол од корнер во 80.та минута.
Со вкупен резултат од 4:1 Ливерпул се пласираа во финалето на Лига Купот.
На 16-ти мај ќе се одигра финалето од Лига Купот на Вембли во кое Ливерпул за противник ќе го има Њукасл кој беше подобар од Арсенал.