Викендов во Втората машка кошаркарска лига на програмата се натпреварите од 14.коло кое носи два дерби дуели. Тоа се натпреварите во Велес и Кисела Вода во кои ќе играат четирите првопласирани екипи.
Првиот дерби меч е во Велес, денеска, каде четврто рангираниот Борец баскет ќе ги угости штипските Соколи кои се на 2.место на табелата. велешани заостануваат две победи зад лидерскиот тандем, а една зад Маџари кој е трет.
Кошаркарите на Маџари пак, утре (недела), ќе гостуваат во Кисела Вода кај лидерот Ангели. Избраниците на тренерот Тодоровиќ, сега засилени со искусниот Димчевски, сакаат да ми се реваншираат на противникот на минималниот пораз во првиот меѓусебен натпревар.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
Сабота 8 февруари
14.00 ЦРН ДРИМ – РАБОТНИЧКИ 2018
14.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МЕГА БАСКЕТ
18.00 СОКОЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
Недела 9 февруари
13.00 СТРУМИЦА ФМП – ОХРИД
16.00 АНГЕЛИ – МАЏАРИ
18.30 ВОДНО САНС – БУТЕЛ
ТАБЕЛА: Ангели 24 бодови, Соколи 24, Маџари 23, Борец баскет 22, Црн Дрим 21, Бутел 19, МЗТ Скопје У.Б. 19, Охрид 19, Мега баскет 18, Водно Санс 16, Работнички 2018 15, Струмица ФМП 15.