Во шпанскиот или популарниот „Копа дел Реј“ вечерва ќе го дознаеме првиот полуфиналист.

Во Мадрид се игра првиот меч од четвртфиналната фаза во кој Атлетико го пречекува Гетафе.

„Кралскиот“ Реал Мадрид утре му гостува на Леганес.

Во четврток Столе Димитриевски и неговата Валенсија повторно ќе играат со Барселона. Имено пред седум дена овие два тима го одиграа првенствениот меч, кој каталонската екипа го доби со убедливи 7-1.

„КОПА ДЕЛ РЕЈ “ 1/4 ФИНАЛЕ

Вторник
21.30 АТЛЕТИКО МАДРИД – ГЕТАФЕ
Среда
21.00 ЛЕГАНЕС – РЕАЛ МАДРИД
Четврток
19.30 Р.СОСИЕДАД – ОСАСУНА
21.30 ВАЛЕНСИЈА – БАРСЕЛОНА