Годинашното издание на кошаркар Куп на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се одржи во Гевгелија.

Од федерацијата информираа дека КК Кожув ќе биде организатор на натпреварите во двете конкуренции.

Кај мажите за трофејот ќе се борат осум, а во женската конкуренција четири екипи.

Натпреварите ќе се играат од 13 до 15 февруари, сала „26. Април“ во Гевгелија.

МАЖИ – четвртфинале (13 февруари)
(1) ТФТ – Гостивар
(2) Пелистер – Чаир
(3) МЗТ Скопје – Работнички
(4) МКК Куманово – Кожув
Полуфинале (14 февруари)
Победник 1 – 4,
Победник 2 – 3
Финале: 15 февруари, сабота.

ЖЕНИ Полуфинале (14 февруари)
Крива Паланка – Вардар
Баскет Кам – Бадел
Финале: сабота (15 февруари)