Второлигашката машка кошаркарска конкуренција викендов ги носи натпреварите од 13-тото коло. Трите првопласирани екипи во оваа рунда ќе играат на гостински терен.

Од нив први, денеска, ќе настапат кошаркарите на Маџари, Трето рангираната екипа на табелата гостува во Струга кај Црн Дрим. Овој натпревар ќе се игра без присуство на публика, поради санкцијата која ја има домашниот тим.

Еден час порано ќе сторува првиот денешен натпревар во кој Бутел го пречекува вториот тим на МЗТ Скопје У.Б.

За утре (недела) закажани се останатите четири натпревари. Лидерот на табелата Ангели му гостуваат на Охрид, а второпласираните штипски Соколи во Прилеп кај Мега баскет.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО

Сабота 1 февруари
13.30 БУТЕЛ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
14.30 ЦРН ДРИМ – МАЏАРИ без публика
Недела 2 февруари
15.30 МЕГА БАСКЕТ – СОКОЛИ
16.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – СТРУМИЦА ФМП
16.15 РАБОТНИЧКИ 2018 – ВОДНО САНС
19.00 ОХРИД – АНГЕЛИ

ТАБЕЛА: Ангели 22 бодови, Соколи 22, Маџари 21, Борец баскет 20, Црн Дрим 20, МЗТ Скопје У.Б. 18, , Охрид 18, Бутел 17, Мега баскет 17, Работнички 2018 14, Партизан Водно Санс 14, Струмица ФМП 14.