Во НБА лигата се одиграа единаесет натпревари, а нив ги издвојуваме поразот на Кливленд и индивидуалниот настап на Џејмс Харден.
Тимот на Кливленд сега е второ рангиран во целокупната конкуренција во НБА лигата. Ова откако ноќеска Кавс се поразени на домашен терен од Хјустон со 131-135.
За Кливленд, кој останува лидер во Источната конкуренција, тоа беше деветтиот пораз сезонава, а има еден повеќе од Оклахома.
Џејмс Харден одигра брилијантен натпревар во победата на ЛА Клиперс над Милвоки со 127-111.
На популарниот „брада“ му недостасуваше едно успешно додавање да заврши со дабл-дабл ефект. Харден на 40-те постигнати поени додаде 9 асистенции, а имаше и пет скокови. На спротивната страна прв стрелец беше Јанис Антетокумпо со 36 поени и 13 скокови.
И вториот тим од Лос Анџелес се радуваше на победа. Лејкерси на гостувањето кај Голден Стејт славеа со 118-108.
Ентони Дејвис и Леброн Џемс остварија двоен ефект за Лејкерси. Дејвис заврши со 36 поени и 13 скокови, а Леброн додаде 25 поени и 12 скокови.