ЖРК Куманово го засили својот состав со три нови ракометарки, Мила Мемов, Ангела Шехтанска и Росана Павлова.

Трите ракометарки пристигнуваат од тимот на Скопје.

Мемов и Павлова ќе ја зајакнат крилната линија, додека Шехтанска ќе настапува на позицијата среден бек.

Во плеј-офот, Куманово одигра нерешено против Вардар во првото коло, но во второто коло претрпе пораз од тимот на Чаир.

Со новите засилувања, клубот очекува да ја подобри својата форма и да биде поконкурентен во продолжението од сезоната.

Куманово има амбиции да се бори за висок пласман во плеј-офот, каде што конкуренцијата е силна, а секој натпревар е од големо значење.

Ивона Кимовска