Супер ефикасна беше првата половина од дуелите во 7.коло на фудбалската Лига на шампиони. На деветте натпревари беа постигнати дури 33 голови.
Просекот го расипаа Бриж и Јувентус чии фудбалери не постигнаа ниту еден погодок, а само еден имаше на мечот Монако – Астон Вила.
Затоа пак на натпреварот во Лисабон беа постигнати девет голови, а Барса со голем пресврт ја победи Бенфика.
По пет гола имаше видоа љубителите на фудбалот на натпреварите во Белград и Бергамо. ПСВ славеше над Црвена Звезда, а Аталанта ја наполни мрежата на Штурм.