Главните фаворити за шампионскиот трофеј на Светското ракометно првенство, Франција и Данска забележаа нови победи.

Во дуелите од 1.коло на новоформираните групи, двете селекции славеа убедливо над Унгарија и Германија.

Французите против, кои репрезентацијата на Македонија ќе игра во сабота, вечерва ја надигра Унгарија. Триколарите од самиот почеток па се до крајот го контролираа резултатот и заслужено славеа со 37-30. Тие во следната рунда ќе играат против Холандија која денеска славеше над Кувајт.

Актуелните светски прваци Данците беа уште по убедливи. Во натпреварот пред своите симпатизери Данците ја декласираа Германија со десет голови разлика 40-30.

Со досегашните игри двете репрезентации само потврдија дека во моментов се „класа“ над останатите, па би било вистинско чудо да не играат во финалето.