Денешниот натпревар со Австрија голманот на македонската репрезентација Никола Митревски го заврши со три одбрани, но натпреварот го одигра со покачена температура. По дуелот Митревски изјави:
„Резултатот на натпреварот е реален.
Дадовме го во последната секунда или можеби на четири десетинки до крајот, откако претходно примивме гол на четири секунди пред истекот на 60-та минута.
Резултатот е реален.
Во првото полувреме имавме предност и од три голови разлика во два наврати, но не успеавме да ја задржиме, вториот дел беше навистина исцрпувачки.
Ќе биде важно да се одмериме добро, иако имаме и неколку играчи со настинка (Јагуриновски беше надвор од составот за дуелот со Австрија).“
Македонија следниот натпревар го игра во четврток 23.јануари против Катар со почеток во 15:30 часот.