Вистинска драма во Вараждин на дуелот меѓу Македонија и Австрија, на отворањето од главата фаза во групата 2.

Македонија и Австрија одиграа нерешено 29:29 (13:14). Голот за нерешено капитенот на Македонија Филип Кузмановски го постигна во последната секунда.

Почетокот на натпреварот беше во знакот на македонската репрезентација и по трите водства од два разлика избраниците на Лазаров стигнаа и до +3 во 16.минута 7:4. Но Австрија брзо се врати во игра со првата мини серија од 3-3 изедначи на 7:7.

Во тие моменти повторно нашите ракометари беа на потребното ниво и со три голови но низа Македонија пак имаше водство од +3 (10:7). Сепак следуваа моментите во кои до крајот на првиот дел противникот беше подобар откако во нападот австрискиот селектор Алеш Пајович се реши да игра 7 на 6. Австрија направи серија 7:3 и имаше водство на полувреме од 14:13 со гол во последната секунда од првиот дуел.

Во вториот дел Австрија продолжи со нападот 7-6 и првите три гола противникот ги постигна со удар од седум метри. Во второто полувреме најчесто разликата беше од еден гол, а резултатот вкупно беше израмнет 18-пати. Со мини серија од три гола поведовме со 18:17, а по 23:22 ја искористивме предноста од играч повеќе и со двата гола на Велковски поведовме со 24:23.

Во последните десет минути водевме со гол предност, а при нерешен резултат 27:27 во 58.минута Кузмановски промаши седмерец (Каипер одбрани).

По голот на Хутечек на четири секунди до крајот и предност од 29:28 за Австрија и по тајм аутот на Лазаров Кузмановски погоди од 12 метри за 29:29.

Најефикасен кај Македонија Марко Митев со 6 голови.

СПОРТ БАР реклама