Последен ривал за Македонија во рамки на групата Д денеска попладне ќе биде репрезентацијата на Гвинеја.

Претставникот на Африка е аутсајдер во дуелот особено што е дебитант на светските првенства, од таа причина македонските ракометари за првпат на првенството ќе бидат во улога на фаворити. Затоа  победата се наметнува како императив.

„Натпреварот со Гвинеја е од круцијално значење.

Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот.

Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за вториот круг. Можеби сме фаворити на хартија, но по двата тешки и исцрпувачки натпревара, очекувам тежок натпревар“,

изјави селекторот Кирил Лазаров.

Натпреварот, Македонија – Гвинеја почнува во 18 часот. И на овој дуел се очекува голема поддршка од трибините за македонскиот национален тим.

СПОРТ БАР