Во Првата машка кошаркарска лига викендов на програмата се натпреварите од четиринаесеттото коло.

Оваа рунда ќе мине во знакот на вечното дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Дуелот на големите градски ривали секогаш привлекувал големо внимание. Актуелниот шампион изминатите години е далеку поуспешен, па на последните 13 одиграни натпревари има само еден пораз. Работнички единствената победа на споменатите дуели ја оствари лани на гостински терен, но не во „Јане Сандански“ туку во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

Сега аеродромци ќе играат на домашен терен во „Јане Сандански“ па поддршката од трибините се очекува да биде поголема. Дуелот ќе почне од 18 часот, термин во кој ќе се игра и натпреварот во Гевгелија. Таму се среќаваат трето и второ пласираните екипи на Кожув и ТФТ.

Денеска на програмата се уште два натпревари, а преостанатите два ќе се играат утре.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 14 коло

Сабота – 18 Јануари
17:00 ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
18:00 МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ
18:00 КОЖУВ – ТФТ
20:30 ФЕНИКС – ВАРДАР
Недела – 19 Јануари
18:00 МКК КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР
18:00 ШКУПИ – ЧАИР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23 бодови, ТФТ 23, Кожув 22, Пелистер 22, Работнички 21, МКК Куманово 21, Чаир 21, Гостивар 18, Тиквеш 17, Феникс 17, Шкупи 16, Вардар 13.