Ракометната репрезентација на Македонија со еден бод го почна Светското првенство. Нерешениот резултат против фаворитот во групата Унгарија (27:27), навестува дека Македонија е подготвена да игра и против најсилните и најдобри европски репрезентации.
Борбеноста и пожртвуваноста беше глава карактеристика на првиот дуел против Унгарија во Вараждин.
За вториот дуел против Холандија денеска од 18 часот во Вараждин Арена селекторот Кирил Лазаров напомена:
„Немаме многу време за подготовка на дуелот со Холандија.
Сите знаеме дека Унгарија е поквалитетен ривал од Холандија, а натпреварот ќе биде сосема поинаков од оној со Унгарија.
Холандија игра „многу побрзо“, но мора да се подготвиме и за нив“.
Македонските навивачи кои исполнија добар дел од трибините на дуелот со Унгарија во салата во Вараждин беа од голема помош за македонскиот национален тим.
„Секако дека навивачите беа нашиот „осми играч“ на дуелот со Унгарија, очекуваме да бидат и во поголем број и на дуелот со Холандија и да им дадат поддршка на нашите ракометари“, истакна Лазаров.
Натпреварот Македонија – Холандија во Вараждин Арена е дуел од второто коло од Д групата почнува во 18 часот. Во вечерниот терминот од 20:30 часот е дуелот меѓу Унгарија и Гвинеја.