Во сенка на настапот на македонската ракометна репрезентација на СП, минуваат останатите спортски настани во државата. Сепак вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички неможе да биде не забележано.
Дуелот на вечните ривали ќе се игра во рамките од 14.коло на Првата лига, што на програмата е претстојниот викенд.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје ќе ја има предноста на домашниот терен во СЦ „Јане Сандански“.
Аеродромци веќе ги пуштија во продажба влезниците за овој натпревар по цена од 100 денари. Картите може да се купат во продажба преку продажната мрежа и интернет страницата на МКТикетс. Влезници ќе можат да се купат и на билетарницата пред салата и тоа во петок и сабота по 11 часот.
Почетокот на дербито што ќе се игра во сабота е закажан во 18 часот.