Денеска на третиот ден на ракометниот Мундијал ќе се играат осум натпревари.

Во Осло и Загреб ќе се играат првите дуели од Ф и Г групите, додека второто коло е на програмата во Хернинг и Пореч.

За нас (Макеоднија) интересни ќе бидат дуелите од Г групата во Пореч од каде трите првопласирани селекции доаѓаат во Варадждин во втората рунда. Тоа ќе бидат и можните противници на македонската репрезентација во следната фаза.

Таму Французите и Австријците веќе остварија победи над Кувајт и Алжир против кои ќе играат и денеска, па со нов триумф ќе го потврдат својот пласман понатаму.

Шанса за тоа во Б групата во Хернинг ќе има Италија која во првата рунда славеше над Тунис, а денеска игра против Алжир.

ДЕНЕСКА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Група Ф (Осло)  1. коло,
18:00 ШПАНИЈА – ЧИЛЕ
20:30 ШВЕДСКА – ЈАПОНИЈА  
Група Б (Хернинг)  2. коло,
18:00 ИТАЛИЈА – АЛЖИР
20:30 ТУНИС – ДАНСКА  
Група Г (Загреб)  1. коло,
18:00 СЛОВЕНИЈА – КУБА
20:30 ИСЛАНД – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ  
Група Ц (Пореч)  2. коло,
18:00 КУВАЈТ – ФРАНЦИЈА
20:30 АВСТРИЈА – КАТАР