Капитенот Филип Кузмановски беше вистински предводник на Македонија во големото реми со Унгарија. 

Кузмановски кој беше прогласен за играч на натпреварот, не го криеше задоволството и најави борба и на следните натпревари. 

„Подобро одигравме од одличната репрезентација на Унгарија. Беше тешко да се игра 60 минути.

Кажав и пред натпреварите дека многу добро ги анализиравме и тоа денеска го покажавме. Ќе бидеме скромни, на крајот ни фалеше малку среќа за да се стартуваме со победа.

Одиме понатаму имам уште два натпревари, покажавме како како се игра за Македонија.

Да се заблагодарам на нашата публика која нé бодреше шеесет минути“, изјави Кузмановски. 

Капитенот беше нашиот најдобар стрелец со 10 постигнати голови. Македонија во второто коло в петок ќе игра против Холандија.