Полека се подгрева атмосферата пред првиот настап на годинашното СП на ракометарите на Македонија.

Тие ќе играат голема поддршка од трибините во вараждинската арена. Се очекува над 1000 Македонци да ги бодрат црвено-жолтите не само денеска туку и во текот на целото првенство.

Оние пак кои сеуште не отпатуваа за Хрватска прават планови каде и како да ја изразат својата поддршка за ракометарите.

Ладното време низ државата не дозволува групно да се следат директните преноси на МТВ, па освен домашната атмосфера, алтернативи секако има.

Едно од местата каде сигурно ќе биде „жешко“ и громогласно со навивање ќе биде новоотворениот „Спорт бар“ во трговскиот центар „Дајмонд Мол“.

Од тимот на „Спорт Бар“ најавуваат големи изненадувања за сите оние кои ќе дојдат и ќе навиваат за Македонија. Затоа Ве покануваат, заедно да ја бодриме ракометната репрезентација.

Првиот натпревар македонските ракометари ќе го играат вечерва против Унгарија од 20.30 часот.

Затоа побрзајте и резервирајте се го своето омилено место, за да навиваме за МАКЕДОНИЈА 🇲🇰

СПОРТ БАР