Екипата на Валенсија чија мрежа го брани македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, се пласира во четвртфиналето на шпанскиот Куп.
Вечерва во натпревар од осминафиналната рунда, Валенсија како гостин го победи тимот на Оренсе со 2-0.
Кармона со автоголот во 50-тата минута и Садуку со погодокот во 78-мата ја донесоа победата на Валенсија.
Кои ќе и ви друштво на Валенсија во четвртфиналето ќе дознаеме утре и задутре. За тогаш се закажани се останатите седум натпревари од оваа рунда.