Екипите на Нотингем Форест и Ливерпул одиграа супер интересен натпревар, кој на крајот заврши со „реми“ 1-1.

Дуелот од 21.коло во премиер лигата во кој се сретнаа двете првопласирани екипи, понуди динамичен фудбал. Иако беа постигнати два гола, љубителите на фудбалот може да жалат што не видоа уште по некој гол.

Се се почна на најдобар можен начин за домаќините кои уште во 8.минута поведоа со 1-0. Во вториот дел само што влегоа во игра Цимикас и Диого Жота, Ливерпул стигна до израмнување. По нафрлувањето на Цимикас, Жота со глава го совлада домашниот голман. А, токму домашниот голман Селс беше најголемиот виновник што не видовме уште некој гол.

Затоа пак супер ефикасно беше на останатите натпревари.

Вест Хем со -2 го победи Фулам, а дуелите Брентфорд – Манчестер Сити и Челзи – Борнемуд завршија со резултат 2-2.

Ливерпул е лидер на табелата со 47 бодови, но и натпревар помалку од Нотингем Форест кој е втор со шест бода помалку.

Арсенал сега е трет со 40, Челзи е четврти со 37, а шампионот Манчестер Сити е шести со 35 бода како и Њукасл на петтото место.