Актуелниот Светски шампион Данска и селекцијата на Австрија со победи го почнаа новиот ракометен Мундијал.

Во вечерните натпревари од групите Б и Ц, двете селекции славеа убедливи победи.

Во Хернинг, Данците ја израдуваа домашната публика и без многу мака со дури 25 разлика (47-22) го надиграа Алжир.

Претходно, во првиот натпревар од оваа група Италија славеше во дуелот со Тунис со 32-25.

На натпреварот во Пореч, Хрватска, ракометарите на Австрија беа далеку подобри од противниците од Кувајт со 37-26. Со тоа Австријците потврдија дека покрај Французите кој стартуваа со триумф над Катар, сигурно би биле противници на Македонија во втората фаза.

Но за тоа, македонската селекција прво ќе треба да го избегне последното место во групата Д чиј натпревари од првото коло ќе се играат утре.

Прво Холандија и Гвинеја ќе играат од 18 часот, а потоа Македонија и Унгарија во терминот од 20.30 часот.