Синоќа на НБА терените се одиграа седум натпревари. Ја издвојуваме новата победа на најдобриуот тим во лигата Кливленд кој славеа над Торонто.

Кавалирс до 12-тата победа дојдоа со 132:126 над Торонто за кој ова беше 15-ти пораз на последните 16 натпревари. Дариус Гарланд го предводеше тимот со 40 поени и девет асистенции, додека Еван Мобли додаде 21 поен, 11 скока и шест асистенции. 

По пет последователни победи Детроит загуби. На домашен терен во неизвесен натпревар Пистонси загубија од Голден Стејт Вориорс со 104:107.

„Воините“ до победата ги предводеше Бади Хилд со 19 поени и пет скока, Стивен Кари додаде 17 поени, девет скока и шест асистенции. Најдобар кај Пистонс беше Кејд Канингем со 32 поени, шест скока и осум асистенции.

До четвртата победа во последните пет натпревари дојде на Хјустон Рокетс, кои славеа на гости кај Мемфис Гризлис со 115:119. Турчинот, Алперен Шенгун со 32 поени, 14 скока и пет скока, беше прво име во победничката екипа за која додека Џејлен Грин додаде 27 поени.

Феникс Санс одигра добро второ полувреме и победи против Атланта Хокс со 123:115. Тоа беше само второ славје во последните седум натпревари за „Сонцата“.

Бредли Бил ги предводеше Санси со 25 поени и седум скока, Кевин Дурент додаде 23 поени и седум асистенции, а Грејсон Ален 23 поени. Треј Јанг беше најефикасен кај Хокс со 21 поен и седум асистенции. Џа Морант со 27 поени беше најдобар кај Мемфис.