Новогодишната вечер во НБА лигата донесе четири натпревари. Виктор Вембањама влезе во историјата на лигата, двата најдобри тима Кливленд и Оклахома ја продолжи победничката серија.
Сан Антоние славеше во дуелот против ЛА Клиперси убедливо со 122-86. 21-годишниот Виктор Вембањама го заврши натпреварот со 27 поени, девет скока, пет асистенции и три блокади. Со тоа Французинот стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој во еден месец остварил 300 поени, 100 скока, 50 блокади, 50 асистенции и 40 тројки.
Најобриот тим во западната конференција. Оклахома Сити ја оствари 12-тата победа во низа.
Тандерси ја совладаа екипата на Минесота пред својата публика со 113-105. За Оклахома тоа беше 27-мата победа сезонава, а имаат две помалку од Кливленд Кавалирс кој е најдобар на истокот. Кавси ноќеска ги совладаа Лејкерси во ЛА со 122-110.
Во последниот натпревар со кој беше заокружена 2024-тата година, екипата на Феникс Санс загуби од Минесота со 112-117.





































