Ливерпул со пресврт победа над Лестер од 3:1 го заокружи „Боксинг Деј”
Иако навидум Лестер рано отворија на 1:0 со голот на Ају во 6.та минута, се после тој гол тргна во полза на Ливерпул.
Прво Гакпо израмни на 1:1 во судиското надополнување од првиот дел. Потоа во 49.та минута Куртис Џонс зголеми на 2:1.
Конечните 3:1 беа дело на Мо Салах кој повторно постигна гол во 82.та минута од натпреварот.
Ливерпул е лидер со 42 бода на 17 одиграни кола во Премиер Лигата.
Лестер пак се наоѓа на 18.то место со 14 освоени бодови на 18 одиграни натпревари.