Познати се сите 12 екипи што ќе играат играат на завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија во двете конкуренции.

Според претходно утврдениот календар, завршните турнири треба да се играат од 13 до 15 февруари 2025 година.

Кај дамите екипата на Баскет кам ќе биде предизвикана од конкуренцијата. Во полуфиналето тимот од Македонска Каменица ќе игра против Бадел, а вториот бар го сочинуваат Крива Паланка и Вардар.

На машкиот, осум екипи ќе се борат за трофејот, што ќе го бранат кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром.

Аеродромци одбраната на трофејот ќе ја почнат со вечното дерби против Работнички. Победникот од овој натпревар оди на мегдан на подобриот од дуелот Пелистер – Чаир.

Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме по дуелите, ТФТ – Гостивар и Куманово – Гевгелија.

Каде ќе се играат завршниците на Купот на Македонија, федерацијата допрва треба да одреди.