Вардар веќе работи на создавање на квалитетен и конкурентен тим и за следните сезони, а првиот кој тоа го најави е левиот бек Дмитро Горига.
Вардарци и украинскиот интернационалец се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона, до крајот на натпреварувачката 2025/2026.
Кратко траеше договорот за останување во Скопје, бидејќи и двете страни беа задоволни од меѓусебната соработка, иако Горига е дел од тимот само неколку месеци.
„Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да помогнат, и на ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет.
Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина“, изјави Андрија Нунев, оперативниот директор на вардарци.
Сезонава Горига покажа дека неговото ангажирање е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности. Борбеноста и лојалноста кон клубот секогаш биле очигледни и не се штедеше тоа да го покаже и на терен.