Со денешниот натпревар одигран во Скопје, во кој ракометарките на Чаир го пречекаа Куманово, заврши есенскиот дел од женската Супер лига.

Во натпреварот од 2.коло од плеј-офот, Чаир се измачи, но успеа да го добие дуелот против Куманово со 31:26.

На почетокот натпреварот се одвиваше израмнето, при што ниту една од екипите не успеа да се одвои. Тоа траеше до 6-тата минута, кога Чаир со одлична серија успеа да поведе со 6:3.Кумановки не дозволија противникот да ја зголеми предноста и со серија од 3-0 успеаја да израмнат на 8:8. Во 20-тата минута, гостинската екипа првпат на натпреварот поведе со три гола разлика (13:10). Чаир брзо возврати, израмни на 15:15, а потоа и поведе со 17:16. На крајот од првото полувреме, резултатот беше изедначен 17:17.

Второто полувреме донесе израмнета борба, со наизменични голови. Двете екипи се обидуваа да стекнат предност, но не успеваа да ја задржат. Екипата на Чаир во 47-тата минута успеа да поведе со 27:22. До крајот немаше никакви промени Чаир успешно ја одржуваше оваа предност. Крајниот резултат беше 31:26.
Најефикасна од екипата на Чаир беше Гулицоска со девет погодоци, додека од Куманово најмногу се истакна Несторовска со осум гола.

Следува пауза, по која натпреварите од третото коло се предвидени за 8 и 9 февруари.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 2.КОЛО
денеска
ЧАИР – КУМАНОВО 31-26
одиграно вчера
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТИБО 48-17
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ВАРДАР 33-18

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 5 бодови, Металург Автокоманда 5, Чаир 3, Вардар 1 и Куманово 1.

Ивона Кимовска