Кошаркарите на Гостивар со победа пред својата публика ја привршуваат календарската 2024-та година. Во дуелот од последното 11-то есенско коло, Гостивар го совлада Чаир со 90-75.
Во првата четвртина домашниот состав даде до знаење дека е решен да победи. Создадоа гостиварци двоцифрена предност (24-13), која на крајот на полувремето изнесуваше +14 (45-31).
Во вториот дел, домашниот тим брзо стигна и до најголемата предност од 20 поени разлика. Тука веќе стана јасно дека чаирчани нема што да бараат на овој дуел.
Најефикасен играч во победничката екипа беше Групановиќ со 20 , додека Американецот, Хамтон постигна 17 .
Денеска се играат уште два натпревари. Во Кавадарци во тек е дуелот меѓу Тиквеш и МЗТ Скопје Аеродром, а од 19 часот Феникс и Шкупи ќе го затворат првиот дел од сезоната.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
денеска
ГОСТИВАР – ЧАИР 90-75
ТИКВЕШ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ во тек
ФЕНИКС – ШКУПИ од 19 часот
одиграно вчера
КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ 81-79
ПЕЛИСТЕР – ТФТ 91-82
одиграно во петокот
МКК КУМАНОВО – ВАРДАР 92-63
ТАБЕЛА: ТФТ 20 бодови, Пелистер 19, Чаир 18, МКК Куманово 18, Кожув 18, Работнички 18, МЗТ Скопје Аеродром 17, Тиквеш 13, Гостивар 15, Шкупи 13, Феникс 12, Вардар 11.